(ВИДЕО) Митрески: Со злоупотреби, ВМРО-ДПМНЕ ја одолговлекува работата на комисиите во Собранието на штета на граѓаните

Од:

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески од собраниската говорница истакна дека никогаш порано немало ваква ситуација во комисијата за одбрана да има толку долги дискусии посебно за вакви тешки прашања.

– Сакам да има дискусии со аргументи, но очигледно таму има чиста злоупотреба само да се одлоговлечи времето за дискусија, нагласи Митрески.

Тој додаде дека СДСМ е подготвен да дискутира и за информации да се формира анкетна комисија за да се види што се случува сега и што се случувало во минатото во енергетскиот скетор, да се отворат сите прашања кои се битни за граѓаните.

– Кога зборуваме за енергетската криза кај нас и во светот повикувам да се закаже комисијата за финансирање, за законот за задолжување на ЕСМ од 100 милиони евра, чија потреба е донесена на 19.07, а денес сме 22.09 и уште не се дискутира, очигледна е намерата да се донесе ситуацијата во државата да биде неподнослива за ситни политички поени, нагласи Митрески.

Тој потсети дека оние законски решенија кои и се важни на опозицијата, која сега има мнозинство во локалната самоуправа поминуваат по брза лента, како што беше законот за поврзување на локални патишта.

– И ние ги поддржавме тие закони затоа што сите овде сме за граѓаните и ова за задолжувањето е за граѓаните, цел свет е во енергетска криза, така сме и ние и сите сме должни да излеземе во пресрет на граѓаните за да го пребродиме ваквото време на живеење, нагласи координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески.

Би можело да ве интересира

ЗНАМ: СДСМ се во длабока криза и прашање е нивниот опстанок после локалните избори

СДСМ: Максим Димитриевски измеќари кај Мицкоски за да се спаси од прогон

Кузеска: Мицкоски води теснопартиски интереси и слугува на туѓи држави

(ВИДЕО) Лукаревска: СДСМ предлага 934 милиони денари поддршка за семејствата на загинатите и повредените во Кочани

Горан Наумовски

СДСМ: Шокантно, наместо поддршка за младите – Мицкоски запнал да ги казнува луѓето што не се во брак

(ВИДЕО) Филипче: Димитриевски му слугувал на Мицкоски за да се спаси од политички прогон

Горан Наумовски