Митрески: Со предлог Законот за политички партии, застануваме во одбрана на антифашистичките вредности

Од:

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески од собраниската говорница го обрзаложи предлогот за донесување на Закон за политички партии.

Посебно во вакви услови, со се што се случува во државата, провокации кои предизвикуваат крајно негативни чувства кај граѓаните предлагаме донесување на Закон за политички партии по скратена постапка, истакна Митрески.

Тој нагласи дека пратениците од позицијаат апсолутно немаат против никакво здружување на граѓаните според законот за здруженија и фондации и според законот за политички партии.

Предлагаме политичките партии во своите програми, статут и дејствување да не можат да бидат насочени кон разгорување на национална расна или верска омраза, етничка нетрпеливост, нетолеранција, геноцид, екстерминација, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, национал – социјализам или Третиот рајх или повикување на личности и настани поврзани со фашизам нацизам, национал-социјализам или Третиот рајх, а исто така мора да застанеме во обдрана на вредностите на коишто се темели нашата држава, а тоа се антифашистичките вредности, порача координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски