Митрески: СДСМ поднесе законски измени каматата да не биде поголема од долгот

Од:

СДСМ и парламентарното мнозинство предложи законски измени со кои ограничуваме каматата да не може да биде поголема од долгот. Станува збор за предложени измени во Законот за облигациони односи и Законот за извршување рече на прес конференција координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески.

– Со овие измени казнената камата нема да може да биде поголема од долгот. Односно, кога износот на стасаната, а не исплатена казнена камата ќе го достигне износот на главнината, каматата престанува да тече. Во пракса тоа значи, на пример за долг од 500 денари, максималниот износ на каматата да биде 500 денари. Или за долг од 1.000 денари, максималниот износ на камата да биде 1.000 денари. Конечно ја прекинуваме праксата граѓаните да плаќаат 10 пати поголем износ одколку што навистина должеле. За долг на сметка од 500 денари имаше случаи кога се бараше наплата од 5.000 денари, затоа што каматата што треба да ја платат им е десетици пати поголема од долгот кој реално го имале. Дополнително, со предложените законски измени предвидуваме скратување на рокот за застареност од 10 на 5 години од правосилноста на одлуката. Тоа значи намалување на можноста за акумулирање на камата и за оневозможување на енормна заработка од камата. Од друга страна значи и стимулирање на доверителите за поефикасна и побрза реакција при наплата, вели Митрески.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?