Митрески: После една година блокирање ВМРО-ДПМНЕ се премисли, сега ќе го поддржи законот на СДСМ за поддршка на општините од Светска банка

Од:

Координаторот на пратеничката група на СДСМ во Собранието Јован Митрески од собраниската говорница истакна дека ВМРО-ДПМНЕ се предомисли по една година блокирање и ќе го поддржи законот на СДСМ за Заем од Светска банка за поврзување на локалните патишта.

– За вас од ВМРО-ДПМНЕ кога треба да блокирате граѓаните не се во предвид, е сега треба да покажете нешто пред граѓаните и сега законот е супер. Добро е што се премисливте навистина е добар законот, рече Митрески, нагласувајќи дека законот беше влезен во собраниска процедура на 6 мај 2021 година, а локалните избори беа во октомври, ноември, додека завршија и декември 2021 година.

Тој нагласи дека овој закон шест месеци беше блокиран од претседателот на комисијата Тимчо Муцунски.

– Не го обвинувам Тимчо Муцунски ниту вас за ова што правите во Собранието, знам дека тоа е политичка одлука, што вие мора да ја спроведете, како што тој тогаш ја спроведуваше, истакна Митрески, додавајќи дека 5 месеци откако поминаа локалните избори, законот потворно беше ставен на Комисија, за пак да биде блокиран.

– Сега има притисок, треба нешто да работат градоначалниците. Ви кажав и тогаш, дека ќе го поддржиме тој закон, вие тогаш бевте против, еве и сега кажувам дека ќе го поддржиме тој закон иако има други градоначалници, од други политички партии што ги добиле изборите, затоа што ние сме овде за граѓаните. Затоа што граѓаните треба да добијат тоа што предвидува законот и задолжувањето, порача координаторот на пратеничката група на СДСМ во Собранието Јован Митрески, при процедурална забелешка на искажаните невистини од страна на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за задолжување за поврзување на локалните патишта.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он