Митрески побара брзо решение за проблемот со возачките дозволи

Од:

Претседателот на Собранието на Република Северна Македнија, Јован Митрески, на денешната редовна координација, на која присуствуваат координаторите на пратеничките групи, го отвори прашањето за проблемот со возачките дозволи и ја нагласи потребата Собранието да преземе итни чекори со цел да се надмине состојбата која произлезе од примената на Преспанскиот договор.

„Тој истакнал дека има најави дека пратеничките групи ќе достават различни предлози за законски измени, поради што нагласи дека пратеничките групи треба да дејствуваат координирано за да се дојде до најбрзото и најдоброто решение, кое ќе биде во интерес на граѓаните, „а кое во исто време нема да наштети на почитувањето на меѓународните правни акти кон кои како држава сме се обврзале“, извести собраниската прес служба.

Митрески најави дека уште денеска ќе иницира состаноци со министрите за внатрешни работи, за финансии, за надворешни работи, како и со првиот човек на Агенцијата за супервизија на осигурувањето.

Истовремено, претседателот Митрески информираше дека ќе одржува ад хок состаноци со координаторите на пратеничките група со цел заеднички да најдат решение за настанатата ситуација.

Претседателот на Собранието побара од координаторите да ги информираат пратениците дека доколку е потребно ќе закаже итна собраниска седница во текот на денешниот ден.

Би можело да ве интересира

Митрески: Од изборот на граѓаните зависи иднината на државата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Митрески: Рекордни 1,35 милијарди евра поддршка за македонските земјоделци

Митрески: Ги зголемуваме субвенциите за енергија на 120 илјади денари за домаќинства, ранливите потрошувачи ќе добијат поголема поддршка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Митрески: На овие избори одлучуваме дали ќе продолжиме кон ЕУ или кон изолација и заробена држава

Горан Наумовски

Митрески: Ќе предложиме измени на Законот за регулирање на коефициентот за плата во јавните високообразовни установи

Митрески за продолжување на рокот на патните исправи: Меѓународните договори не можат да се менуваат со друг закон