Митрески: Фунционално наспроти блокирано Собрание е во интерес на сите граѓани

Од:

Пратениците од владејачката СДСМ не се откажуваат од носењето на дополнување на Деловникот за работа на Собранието со којшто ќе се овозможи пратеници со Ковид-19 и во самоизолација онлајн да се вклучуваат на седници и на работни тела. Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески изјави дека се надева дека сите пратеници ќе го поддржат предлогот на претседателот Талат Џафери и оти и нашиот Парламент ќе функционира како сите во светот во услови на пандемија.

– Фунционално, наспроти блокирано Собрание во секоја смисла, е интерес на сите граѓани. Се надеваме дека сите пратеници ќе ја поддржат измената на Деловникот со цел и во вакви тешки услови да можеме да функционираме како што функционираат сите парламенти во светот, посочува Митрески.

За Деловникот, додава тој, зборуваме од конституирањето на Собранието на сите координации кај претседателот Талат Џафери.

– За јавноста нашиот став е јасен, само пратеници во изолација и заразените со Ковид-19 да имаат можност да работат од далечина и тој став се поклопува со предлогот на претседателот на Собраниет,о Џафери, истакнува тој.

Во средината на октомври пратеничката група на СДСМ излезе со речиси ист прдедлог за работење на далечина, како овој што сега е ставен на дневен ред на собраниската седница закажана за в четврток.

Владејачките партии имаат мнозинство од 62 пратеници, но многу често се случува неколкумина да не можат да се вклучат во работата на Собранието поради позитивни тест за Ковид 19 или самоизолација.

Би можело да ве интересира

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада

Поништени огласите за членови на Судскиот совет од редот на Собранието и за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Собранието одлучи: Нафтената кризна состојба се продолжува до 20 јули

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието