Митко Чавков и Диме Спасов од денеска заменици министри

Од:

Со 97 гласа за и ниту еден против парламентот ги изгласа замениците министри во владата од кои тројца се на предлог на СДСМ, а еден на предлог на ВМРО-ДПМНЕ.

Кире Наумов од СДСМ е нов заменик министер во Министерството за финансии, Александар Кирацовски во Министерството за информатичко општество и јавна администрација, а Љупчо Николовски во Министерството за земјоделство. Овие заменици ќе имаат право на вето во своите ресори само за прашања поврзани со предвремените парламентарни избори следната година.
Со новата одлука на парламентот во Министерството за информатичко општество влегува Тимчо Муцунски, како редовен заменик министер на местото на Марта Арсовска-Томовска, која денеска беше назначена за нов министер.

Досегашниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков, станува заменик министер, а истата рокада ќе се случи и во Министерството за труд и социјала каде што досегашниот министер Диме Спасов ќе биде под новоизбраната министерка Фросина Ременски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски