Митја Валиќ – од владин функционер до притвореник во „Агент“

Од:

Судот во Скопје распиша потерница по Митја Валиќ, функционер во Владата на Словенија, осомничен дека е дел од групата која со Слободан Богоевски и адвокатите испрале милион евра. Митја Валиќ раководи со Директоратот за инвестиции при Министреството за образование во Љубљана, но деновиве е во Централна Азија на одмор.

Тој во 2009-тата бил преставник на „Меркатор“ во Скопје и учествувал во измамата со парите. За словенечките медиуми изјавил дека не знае за никаков криминал и дека од медиумите дознал дека има кривична пријава за него. Не одговорил дали самиот ќе се пријави во скопскиот суд или пак на Интерпол во Љубљана.

Сличен став има и „Меркатор“ кој тврди дека работат согласно законите и дека не се вмешани во никаков криминал, без при тоа да наведат дали дале милион евра и со каков изговор ги уплатиле за потоа некој да си ги подели.

Валиќ, според пријавата на МВР, помогнал да се извлечат парите од „Меркатор“ и да се уплатат на фирмата на адвокатот од Скопје, Васко Томановиќ, која има исто име како кипарската фирма, која била сопственик на парцелата кај „Борис Трајковски“.

Потоа тој за наводно посредување ги поделил парите со Слободан Богоевски и фирмата на адвокатот Владо Пешликовски. Валиќ, според словенечките медиуми, политички е поврзан со актуелната премиерка и со Зоран Јанковиќ, екс- градоначалникот на Љубљана.

На Валиќ му е одреден притвор во отсуство, исто како и на Ален Јегени. Додека Богоевски, Томановиќ и Пешликовски се веќе во притвор. На шестата во групата Даниела Трајковска и е одземен пасошот како превентивна мерка.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он