Митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во Прилеп

Од:

Вечерва на плоштадот Методија Андонов – Ченто ВМРО-ДПМНЕ и партиите од коалицијата „За подобра Македонија“ го одржаа својот промотивен митинг, каде што актуелниот градоначалник на Прилеп , Марјан Ристески, ја побара довербата за трет мандат од прилепчани. Беше промовирана и советничката листа, чиј носител е Никола Димески.

Се собраа околу 5-6000 приврзаници за поддршка на актуелниот градоначалник и кандидат на владејачката коалиција, Марјан Ристески, кој ја промовираше својата програма со голем број проекти, како што рече тој, „за подобар и европски Прилеп“. Тој истакна дека прилепчани знаат да го препознаат напредокот на Прилеп, но и да го наградат. За наредните 4 години Ристевски понуди програма која претставува обврска да се реализира сè она што е ветено.

Главнот акцент ќе биде ставен на економскиот развој и на нови вработувања..Нови 78 социјални станови во населбата Точила,изградба на современ транспотрен центар и реконструкција на постоечката железничка станица.Јавен градски превоз и слободен превоз за сите пензионери во Сабота- порача градоначалникот Марјан Ристески.

Пред прилепчани се обратија и дел од коалиционите партнери, како и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Ние решаваме поголем број на проблеми за пократко време, тоа што е ветено најголемиот дел и остварено.Гледајте кој создава дела, кој го гради Прилеп. Се изградија слободни индустриска зони,кои треба да отвараат нови работни места во Прилеп,на кои ќе се градат нови погон – изјави Груевски.

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада