Митинг на Дамјановски пред граѓаните од месната заедница „Панче Пешев“

Од:

Доизградба на улицата „Пелинска“ и уште неколку споредни, завршување на гасификацијата, комплексот на затворениот базен и на аква паркот, вети пред граѓаните од месната заедница „Панче Пешев“ кандидатот за градоначалник од СДСМ Зоран Дамјановски.

Дамјановски вечерва на предизборен митинг ги презентира проектите, економска зона во атарот на Речица која ќе овозможи функционирање на 60 стопански капцитети и 2.500 вработувања, инфраструктурно уредување, како и изгрдаба на еколошко-енерегетски комплекс.

Планирана е, додаде, и горилница за цврст отпад во Доброшане како проект на североисточен регион што ќе се реализира со средства од европските фондови и јавно приватно партнерство, а ќе овозможи решавање на проблемот со цврстиот отпад од шестте општини од регионот, но и можност за призводство на електрична енергија и 250-тина нови вработувања.

– Меѓу прироритетите се и изградба на цевковод од акумулацијата Глажња до филтер станицата, како и изградба на административно–деловен комплекс „Чоробеснко ќоше“. За секој проект е дефинирано од каде и колку средства ќе се вложат, рече Дамјановски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија