Митева тврди дека не и пратеничка и портпаролка на Владата

Од:

Новата портпаролка на Владата Марија Митева по реакциите во јавноста за нејзиното извршување две функции истовремено како портпаролка и пратеничка преку објава на „Фејсбук“ посочува дека веднаш по нејзиното назначување за портпаролка на Владата поднела писмена неотповиклива осавка од функцијата пратеник.

– Прво и најважно е формалниот правен аспект кој во ниеден случај не е заобиколен, затоа што јас лично вчера веднаш по моето именување за Портпарол на Владата поднесов писмена неотповиклива оставка од позицијата пратеник и формално правно, јас ниту извршувам две именувани позиции истовремено ниту имам законска можност истото да го правам. Воедно, истото го темелам согласно одредбите од Законот за пратеници член 8 став 3 кој вели, цитирам: „Мандатот на пратеникот му престанува со денот на настануваьето на случаите од ставот 1 точки 2, 3, 4, 5 и 6 на овој член, што Собранието го констатира на првата наредна седница.” А, во ставот 1 точка 3 се вели дека, повторно цитирам: „На пратеникот му престанува мандатот пред истекот на времето за кое е избран, ако настапи случај на неспоивост на функцијата. Тоа јасно укажува дека мене мандатот ми е престанат, а Собранието на следната седница истото треба само да го констатира, наведува Митева во објавата.

Посочува дека со поднесената оставка нема да учествува во работата на Собранието до одржување на парламентарната седница на која треба да се коснтатира нејзината оставка.

Претходно во јавноста се наметна дилемата дека, Митева вчера не смеела да држи прес конференција како официјална портпаролка на владата со оглед дека оставката не и е констатирана на собраниска седница.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За Владата протестите на УПОЗ се незаконски и политички мотивирани

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Митева: Имаме рекорден прилив од странски директни инвестиции

Горан Наумовски

Митева: Постигнат е договор со банките за унгарскиот кредит

Горан Наумовски

Митева: Владата останува на ставот дека предвремени избори ќе нема

Владата се сомнева во искреноста на Османи кога дава предлози за решавање на проблемот со Бугарија

(ВИДЕО) Митева: Платите во образованието до 2028 година ќе пораснат минимум 46 отсто

Горан Наумовски