Митева: Самопрогласените европјани СДС и ДУИ, добија потврда од Стејт департментот дека се вплеткани во големи криминали и корупција

Од:

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со тематски трибини на кои што ќе зборуваме за актуелните случувања и она што навистина ги загрижува граѓаните на Македонија а тоа е високиот степен на криминал и корупција кои што владее, овој пат под слоганот Пораки од реалниот живот, затоа што она кое што го презентира власта нема никаква врска со реалноста и со секојдневието со кое што граѓаните во Македонија се соочуваат поради криминалот и корупцијата на власта, вели Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина во организација на партијата насловена „Криминал и корупција“.

Митева изјави дека случајот за струшкиот градоначалник од ДУИ Рамиз Мерко и ставањето на црната листа на САД всушност покажува дека токму врвот на власта е тој кој што го стимулира и подржува криминалот и корупцијата, наместо да се бори против истиот.

– И она што можеме со сигурност да го кажеме е дека случајот Мерко ни покажа како вистински владеат СДС и ДУИ и денес да се биде криминалец во Македонија најверојатно е најлесната работа која што може да се направи, затоа што токму врвот на власта е тој кој што го стимулира и подржува криминалот и корупцијата, наместо да се бори против истиот, кажа Митева.

Митева нагласи дека одлуката на Стејт Департментот го потврди криминалот и корупцијата во владата на СДС и ДУИ.

Митева појасни дека ваквите криминални дејанија од СДС и ДУИ всушност ја рушат нивната фраза дека се европјани, туку како што рече тоа се луѓе кои што се вплеткани во големи криминалии и корупција.

– Само прогласените европјани СДС и ДУИ кои што континуирано веслаат на таа фраза во јавноста, добија потврда дека се далеку од европјани, туку дека се навистина луѓе кои што се вплеткани во големи криминалии и голема корупција, смета Митева.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Андоновска: Без оставка на Филипче, СДС нема иднина

А1он

Андоновска: СДС нема иднина се додека Филипче е на чело на партијата

А1он

Јаревски: Стевчо Јакимовски е алиби мајстор кој се плаши од ревизија бидејќи е свесен дека ќе излезат на виделина злоупотребите што ги правел

ВМРО-ДПМНЕ: Стевчо Јакимовски сака да го бетонизира Влае

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

Николоски од Брвеница: Со градоначалникот Илиевски ја развиваме Брвеница, опонентите се нервозни, ветуваме специјален буџет за нови проекти