Митева: Осуда за сексистичкиот напад врз професорката Силјановска стигна и од Дорис Пак

Од:

За жал и лошите вести брзо се шират. Огромна благодарност за поддршката до нашата ценета и почитувана Дорис Пак, поранешна претседателка на организацијата на жени на Европската народна партија (EPP Women), поранешна пратеничка во Европскиот парламент и актуелна претседателка на Институтот Роберт Шуман.

„Јас сум денес на конференција во Косово, но слушнав за овој срамен инцидент, во рамки на изборната кампања на СДСМ во Куманово. Активист искажал сексистички навреди кон Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, прекрасна жена, високо почитувана, која е кандидат за претседател на државата. И таа би била добро лице, репрезент на вашата држава. Таа е навредена од активист, а уште поголем проблем е тоа што никој од другите активисти или политичари не реагираа. Јас очекував дека барем Претседателот на државата би реагирал и би го осудил тоа. Ништо од тоа не се случи. Ова е срамно. И можам да кажам дека ова не е во корелација со човечки и Европски вредности“, рече Марија Митева, портпарол и кандидат за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Би можело да ве интересира

Жерновски поднесува претставка до Судскиот совет за изјавите на Митева за незавршена судска постапка

Митева: Обидот на Жерновски да конструира наратив за „скандал“ претставува класичен пример на политичка дезориентација и дефокус од суштинските прашања

(ВИДЕО) Митева: Стевчо Јакимовски и неговите пајташи од градежната мафија сакаат бетонизација на Влае, присвоиле и улица за висококатница

(ВИДЕО) Митева: Стевче Јакимовски да им објасни на граѓаните како е возможно, за една календарска година, со неговото семејство да станат сопственици на две градежни парцели во најелитниот дел на Карпош

Митева: Итна реакција од сите надлежни институции за скандалозното однесување на Дехари

(ВИДЕО) Митева: ВМРО-ДПМНЕ го осудува говорот на омраза врз Луна Стефаноска