Митева: Не станува збор за никаква интерпелација, туку станува збор за гола политика

Од:

На денешната седница во собранието на Македонија се обрати пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева која што истакна дека СДС нема никаков напредок и се опседнати со Мицкоски, а денешната интерпелација е гола политика што сакаат да ја продадат на македонската јавност.

„Колега Талевски имам две работи што сакам да ви ги кажам после вашиот говор, првата е дека преку вашиот говор јавноста може да види каква е тажната реалност во СДС, колку ви се тажни и стари тезите и колку немате напредок на ниедно поле и втората работа дека толку многу не можете да ја поправите таа расипана плоча што едноставно во говорот ако пребројав на секоја страница го спомнувате Мицкоски, а вкупно го спомнувате 12 пати. Пребројте си да видите колку сте опседнати со Христијан Мицксоки. И колку не станува збор за никаква интерпелација туку станува збор за гола политика која што сакате да ја продадете на македонската јавност“ кажа Митева и додаде:

„Неколку пати кажавте што сме ветиле што сме оствариле, јас ќе ви набројам. Ветивме дека ќе заминете во опозиција со ДУИ заминавте. Ветивме дека се што направивте и ја ограбивте Македонија ќе вратиме, 3000 вработени ги оставивте без плата реализиравме и имаат пари да однесат дома нивните семејства леб да јадат. Ветивме повисоки пензии за 5000 денари остваривме. Ги оставивте луѓето без законска обврска за К-15, остваруваме ќе биде реализирано“ нагласи Митева.

Митева додаде и дека СДС без срам ја ограби државата.

„А што направивте вие ја ограбите државата и жалам што вашата колешка Бисера Антоанета Костадиновска Стојчева не е тука да ја прашате како се трошат службени картици за куфери ручеци хулахопки и плишени мечиња. Засрамете се и треба да имате образ и ова да не го правите“ нагласи Митева.

Би можело да ве интересира

Митева: Владата останува на ставот дека предвремени избори ќе нема

Владата се сомнева во искреноста на Османи кога дава предлози за решавање на проблемот со Бугарија

(ВИДЕО) Митева: Платите во образованието до 2028 година ќе пораснат минимум 46 отсто

Горан Наумовски

Митева тврди дека не и пратеничка и портпаролка на Владата

Катерина Ѓуровски

Митева: Филипче, Заев и Ковачевски свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да биде оставена сама на Балканот и неинтегрирана

Митева: СДС и ДУИ го донеле буџетот во опасност од Арбитражни побарувања од 1.3 милијарди евра