Митева: Дали компанија која е блиска до семејството на екс-претседател на СДС исплаќа пари на бугарска фирма која е на поранешен премиер и претседател на СДС?

Од:

Жалам што Кузеска и СДС се служат со невистини и манипулации обидувајќи се дека така преку креирање лаги ќе ја сокријат вистината за што ние веќе неколку дена објавуваме факти и аргументи, а одговори од страна на СДС, Венко Филипче и Кузеска нема, истакна портпаролката, пратеничка и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Таа продолжи и постави друго прашање:

„Дали е вистина дека компанија од Македонија која е блиска до семејството на поранешен претседател на СДС исплаќа пари на бугарска фирма која е во сопственост на поранешен премиер и претседател на СДС?“, запраша Митева.

Таа потенцираше дека доколку нема одговор на овие прашања, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ја информира јавноста.

„Нека одговорат на овие прашања, а доколку не ќе продолжиме да ја информираме јавноста. СДС беше на власт 7 години, имаа можност за сите состојби да дискутираат, но не го направија тоа и покажаа колку се очајни и колку она што го зборува ВМРО-ДПМНЕ е вистина“, децидна е Митева.

Би можело да ве интересира

Митева: Сто и девет пациенти со предлози и барања на телефонската линија за повредените од трагедијата во Кочани

А1он

Освен медицинска и физиотерапевтска нега, повредените од Кочани во „Пониква“ ќе добиваат и психолошка и социјална поддршка

Митева: Кабинетот на премиерот е во континуирана комуникација со семејствата на настраданите во пожарот во Кочани

А1он

ДПИ издаде 360 прекршочни платни налози и 28 решенија за привремена забрана на дејност

Митева: По извршени контроли решенија за привремена забрана за 10 правни субјекти, кафулиња и клубови

Митева: ДПИ вчера констатира дека 13 угостителски објекти не исполнуваат минимум технички услови

А1он