ВИДЕО: Мислењето за Хашките да биде „ни на небо, ни на земја“

Од:

Денеска лидерот на СДСМ Зоран Заев, на прес конференција објави разговор за кој вели дека е меѓу Гордана Јанкулоска и Билјана Бришковска Бошковски, заменик министер за правда, за Хашките случаи.

Бришковска, вели Заев, укажувала дека мислење, кое требало да се донесе, нема врска со Законот за амнестија.

Бришковска, вели Заев, сугерира мислењето буквално да биде „ни на небо, ни на земја“, а Јанкуловска од Влада да пуштат “округло па на ќоше“.

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Билјана Бришковска Бошковски

ГЈ: Ало?

БББ: Ало.

ГЈ: Еј Билјана кажи.

БББ: Може да зборуваме отворено на телефонов?

ГЈ: Да бре да.

БББ: Добро. Вака сега: Значи ова што е дадено како мислење нема врска со Законот за амнестија.

ГЈ: Мхм.

БББ: Овие 4 случаи, значи овака како што е напишано, не можат да бидат амнестирани.

ГЈ: Мхм.

БББ: Значи, во овој случај само ќе се случи да домашните судови, сега не знам што е интенцијата, ама јас морам да си кажам, нели…

ГЈ: Да де да, да, да.

БББ: Ааа, значи сега само ќе дојде до запирање на постапките, ако го прифатат судовите автентичното толкување, нели нормално…

ГЈ: Така, така.

БББ: Ќе дојде до запирање на постапките пред судовите, и со тоа што се префрла цела топка во Јавно обвинителство. Бидејќи, вака викаат они: ќе се запрат, не се надлежни домашните судови, бидејќи тие предмети се во надлежност на Меѓународниот трибунал.

ГЈ: Мхм.

БББ: Меѓународниот трибунал…

ГЈ: …Ги врати…

БББ: ….ама не се прогласи за ненадлежен.

ГЈ: Да де да.

БББ: И сега, може да ни се случи: Јавниот обвинител да ќе треба да ги враќа. Нели сега треба да се најде кој е надлежен суд, така?

ГЈ: Да де да.

БББ: После сево ова ако се случи. Ќе треба да ги враќа пред Меѓународниот суд, сега Меѓународниот суд ќе рече: ало, јас вас ви реков дека таму продолжете си, така?

ГЈ: Па така му доаѓа.

БББ: Така му доаѓа. Или некои да се толку моќни, па да излобираат таму, па да рече Меѓународниот суд: ние не сме надлежни, и во тој случај…

ГЈ: Па, не верувам тоа, едино може…нели тоа со крајна дата, па да се затвори и никому ништо.

БББ: Е или…

ГЈ: Нели му го продолжија рокот?

БББ: …да се затаи…мислам онака буквално да биде ни на небо, ни на земја.

ГЈ: Да де да. Ништо ние…ние некако од Влада да пуштиме округло…

БББ: Мхм.

ГЈ: Ништо што не значи, па што сакаат нека прават у Собрание.

БББ: Е сега ова што го ставаме дека при утврдување на автентичното толкување да се имаат во предвид констатациите и препораките на Комитетот за Обединети нации и Комитетот за тортура, е фактички тоа: да се завршат предметите пред домашните судови. Тие се тие препораки.

ГЈ: Ништо, види така неразбирливо да е, и ајт со здравје.

БББ: Да де да.

ГЈ: Ќе изгласаат у Собрание, и тоа е тоа.

БББ: Значи, ова да го оставиме дека Законот го сиклучува постапувањето на домашните судови.

ГЈ: Па што знам, не знам што да кажам.

БББ: Ако го тргнеме враќањето, ако го тргнеме враќањето…значи како да не постои, така излегува.

ГЈ: Мхм.

БББ: Ако го тргнеме.

ГЈ: А бе некако неразбирливо напишете и ајт со здравје.

Би можело да ве интересира

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

(ВИДЕО) Украина: Русија почна масовно да користи термобарични боеви глави

Горан Наумовски

Полицајци пронашле рачни бомби поставени на планинарска патека

Горан Наумовски

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка