Мисијата на САД во ОБСЕ повикува на слободни и фер избори во Македонија

Од:

Мисијата на САД во Организацијата за безбедност и соработка во Европа изрази задоволство од постигнувањето на договор меѓу македонските партии за одржување на локалните избори и потсетува дека слободните и фер избори се камен – темелник на секоја демократија.

Во соопштението објавено вчера, потпишано од заменик амбасадорот на мисијата на САД во ОБСЕ Гери Робинс, се повикуваат македонските власти и сите граѓани да обезбедат изборите да бидат ослободени од какво било насилство и притисоци.

– Задоволни сме што видовме дека лидерите на разните политички партии во Македонија беа подготвени да постигнат конструктивен договор кој овозможи изборите да се одржат како што првично беа закажани.

Сакаме да се заблагодариме на ОДИХР за организирање на мисијата за проценка на потребите и, потоа, тимовите за долгорочно и краткорочно набљудување на изборите, и упатуваме благодарност до државите кои придонесуваат до овие мисии. Како дел од нејзиниот напредок кон зголемена евро-атланска интеграција, Македонија би требала да продолжи да ги косолидира демократските реформи и да ги засилува своите демократски институции.

Слободните и фер избори се камен – темелник на секоја демократија. Ги повикуваме македонските власти и сите граѓани да обезбедат изборите на 24 март да бидат навистина слободни, фер, транспарентни и слободни од насилство и притисоци, пишува во соопштението на мисијата на САД при ОБСЕ.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември