Мисајловски: Силно ќе се заложам за подобрување на условите во македонската армија

Од:

Сакам да се заблагодарам пред сѐ на нашиот македонски народ за огромната поддршка што ни ја даде на изборите за да направиме историска победа и шансата да работиме за нашата Татковина. Сега доаѓа време за напорна работа, посветеност и реформи за Македонија да биде повторно горда, порача потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

-Сакам да му се заблагодарам на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и идниот Претседател на Владата Христијан Мицкоски, за укажаната доверба и чест да бидам министер за одбрана во новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, благодарност за поддршката и на извршниот и централниот комитет, но и на сите активисти на партијата и граѓани што секогаш се до мене и се мојата енергија. Силно ќе се заложам за подобрување на условите во македонската армија и подобрувањето на одбранбениот стандард, одбранбената готовност и модернизацијата на армијата, како и подобрување на условите за униформираниот и цивилниот кадар во Министерството за одбрана, посочи тој.

Би можело да ве интересира

Во Охрид одржана Централната свеченост по повод одбележувањето на 18 Август – Денот на Армијата

Промоција на нови офицери и подофицери во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Мисајловски: Посветено ќе работам за да бидеме горди на својата Армија

(ВИДЕО) Мисајловски: Ги повикувам сите граѓани на 8 мај масовно да излезат на гласање и да дадат поддршка на ВМРО-ДПМНЕ за една голема и историска победа

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мисајловски: За брзо започнува изградба на нова детска градинка во Стопански Двор, проект вреден 60 милиони денари

(ВИДЕО) Мисајловски: Како идна влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ директно ќе го помагаме спортот со 50 милиони евра пари од буџетот за четири години