Мисајловски: СДСМ сака да ја награди Кацарска бидејќи таа беше дел од приказната за промена на уставното име на Република Македонија

Од:

Владо Мисајловски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието на денешната собраниска расправа за избор на уставен судија потенцира дека предлогот за Добрила Кацарска да биде уставен судија претставува награда за нејзе затоа што таа помогнала да се промени уставното име на Република Македонија.

-Овие неколку денови разговараме за овој предлог за уставен судија, не станува збор за никакви компетенции, не станува збор за никакви позитивни страни што ги има Добрила Кацарска. Јас ќе бидам искрен и отворен Добрила Кацарска добива награда зошто направи една многу важна работа, а тоа е промената на уставното име, таа беше дел што помогна да се смени уставното име на Република Македонија. Причината е да се затскријат сите оние постапки кои ги имавте вие од СДСМ односно вашиот лидер и тоа е дел како да се смени уставното име на Република Македонија и затоа е ова награда и тука нема компетенции. Не станува збор колку е квалитетна Кацарска и тоа сите добро го знаете дури ни вие не ја браните, туку кажувате зошто мора да биде. Но реалноста е сосема поинаква, награда за драконските казни што ги направил изминатиот период, знаете што се случува изминативе денови? Јас доаѓам од Ѓорче Петров, едно дете кое живееше во Ѓорче Петров кој се викаше Ангел беше убиено, а врховниот суд ги ослободи тие луѓе од казна и со тоа се станува јасно во Република Македонија, рече Мисајловски.

Пратеникот во своето обраќање посочи дека СДСМ ги бранеше и специјалните јавни обвинители затоа што и тие беа дел од приказната за промена на името на државата.

– Исто така браневте и едни други таканаречени ваши обвинители, специјални и знаете што се случи. И тие беа дел од приказната за промена на името и се фалеа на нивните колеги дека они направиле маестрална задача, помогнале да се смени името на Република Македонија, тоа е суштината, тоа е вистината. Не може да збориме за компетенции на некој кадар каде што во светот се зборува за потсмев, се зборува како не треба да биде. Да ние сме единствената држава во светот каде што се изучува како судиите не треба да работат, додаде Мисајловски.

Би можело да ве интересира

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители