Мисајловски, Јанчев и Николоски потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

На денешниот Централен комитет на ВМРО-ДПМНЕ за потпретседатели на партијата се избрани Владо Мисајловски, Митко Јанчев и Александар Николоски.

Владо Мисајловски е поранешен министер за транспорт и врски, кој што на таа функција дојде во мај 2015 година, на местото на Миле Јанакиески. Митко Јанчев е актуелниот градоначалник на Кавадарци, а Александар Николоски е пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кој беше и предлог за македонски амбасадор во ЕУ.

За генерален секретар на партијата е избран Игор Јанушев, поранешниот директор на ЈСП. Тој се споменуваше во „бомбите“ во врска со печатењето на лични карти.

На Централниот комитет не беа поканети Илија Димовски и Антонио Милошоски. Тие се дел од потписниците на отвореното писмо со кое се бараше одложување на Конгресот за избор на Мицкоски за лидер на ВМРО-ДПМНЕ и со кое се критикуваше демократскиот процес.

Г.Н.Р.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?