Мирослав Лабудовиќ: Активизмот меѓу младите е основа за изградба на силно, одговорно и инклузивно општество

Од:

Претседателот на Градската организација на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија-Скопје, Мирослав Лабудовиќ, денеска се обрати пред учесниците на првиот Летен камп за млади во Струга.

Лабудовиќ нагласи дека активизмот меѓу младите е основа за изградба на силно, одговорно и инклузивно општество.

Младите преку својот ангажман не само што се развиваат лично, туку стануваат двигатели на општествените промени, без разлика дали нивниот ангажман е граѓански или партиски.“

Преку своето излагање тој ги мотивираше младите, истакнувајќи дека поставувањето високи цели е политичка и лична потреба.

Не е страшно ако целите не се постигнат веднаш. Страшно е ако воопшто нема цели. Со јасна визија и стратешки поставени цели секој од вас може да го насочи својот потенцијал кон реални резултати кои ќе го унапредат општеството и политичкиот живот во Македонија. Вие сте иднината и вашата активност денес го обликува утре.“

Лабудовиќ потенцираше дека младите се совеста и силата на општеството и кога добро се организираат и се мотивирани, тие можат да остварат многу да влијаат на политиката, да поддржат реформи и да ја зајакнат демократијата.

Особено ја истакна улогата на младите во делувањето во локалната власт.

ЗНАМ се залага младите да бидат вклучени во креирањето на локалната политика, да учествуваат во донесување одлуки и да ги обликуваат развојните приоритети на своите општини. Локалната самоуправа е вистинско место каде младите можат да го покажат својот потенцијал и да влијаат на животот на граѓаните.“

Тој додаде дека еден политички подмладoк е богатство за целиот политички систем, затоа што носи нови познанства, нови луѓе и нови карактери кои ја обновуваат политичката култура и ја зајакнуваат демократската конкуренција.

Летниот камп на ЗНАМ за млади ќе трае до 31 август и ќе овозможи учесниците активно да учат, да се поврзат и да ги развиваат лидерските и политичките вештини, со цел да станат носители на иднината на Македонија и на локалните заедници.

Би можело да ве интересира

Лабудовиќ: Во Центар владее хаос – урбанистички, сообраќаен, комунален, еколошки

А1он

Лабудовиќ: Со добра организација и добар тим за четири години Центар ќе биде подобро место за живеење

Лабудовиќ на средба со пензионерите од Центар: Паркирањето и непристапните пешачки зони најголем проблем за повозрасните

Лабудовиќ присуствуваше на свечената академија по повод одбележувањето на Денот на независноста – 8 Септември

Горан Наумовски

Тошковски: Уапсени се 18 лица поврзани со инцидентите за Денот на албанското знаме, четворица се во притвор

А1он

Притвор за тројцата осомничени кои го газеа македонското знаме

Горан Наумовски