Мирен протест на вработените во беровското „Водостопанство“ за неисплатени плати

Од:

Беровското „Водостопанство“ на осум вработени им должи 11 неисплатени плати,  за што тие на браната на Беровско езеро со мирни протести на своите работни места го манифестираат незадоволството и се закануваат со порадикални потези, информира Горан Кажлевски, претседател на синдикалната организација.

  – Јавното претпријатие „Водостопанство“ со години  има  блокирана сметка  за износ од 2.000.000 денари, што создава проблеми во целокупното работење, посебно во исплатата на платите на вработените, вели директорот Атанас Атанасов.

Тој информира дека поднел барање за присилна наплата на сума  од 1.300.000 денари долг од Јавното комунално претпријатие „Услуга“ на кое „Водостопанство“ му испорачува  вода по цена од 2,30 денари за кубен метар, што е нанјниска во земјава.

Градоначалникот на Берово Драги Наџински вели дека нема ингеренции за решавање на проблемот бидејќи ЈП „Водостопанство„ не е во општинска, туку во државна надлежност.

Наџински најави заедничка средба со директорите на јавните претпријатија „Услуга“ и „Водостопанство“,  на која ќе се разгледа  можноста долговите за испорачаната вода преку цесија да се преведат дирекно на сметките на  вработените на „Водостопанство“.

Би можело да ве интересира

Локализиран e пожарот во туристичката населба Абланица во Берово

Пекевски: Дечињата кои прележаа салмонела се во добра состојба

Нови шест потврдени случаи на заразени од салмонела во Берово

Нема салмонела кај мострите од лицата и површините во беровската градинка што ги испитуваше Центарот за јавно здравје – Кочани

Малолетник со нож и се заканувал на поранешната девојка

Пекевски закажа средба на Управниот одбор во градинката „23 Август“ по информацијата за двата случаи на салмонела

Горан Наумовски