Мирен матурски викенд во Гевгелија

Од:

Матурската вечер на гевгелиските матуранти минала мирно, потврдува информативниот билтен на Полициската станица од Гевгелија според кого изминатава недела, вклучувајќи го и матурскиот викенд, на териториите на општините Гевгелија, Богданци и Дојран се случиле три сообраќајни несреќи кои поминале без повредени и со причинета материјална штета од 200.000 денари.

Во полицискиот билтен се констатира дека ваквиот епилог првенствено е резултат на почитување на договорот до местото на прославата матурантите да користат превоз со такси возила или од страна на своите родители, што на крајот се покажало многу корисно.

Покрај ова во билтенот е наведено дека немало скоро никакви нарушувања на јавниот ред и мир и дека се регистрирани само неколку кражби на супермаркети, велосипеди и мобилни телефони.

Би можело да ве интересира

Возач на Итна помош истепал лекар во Гевгелија

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски

Во Гевгелија синоќа пронајден починат маж без документи за идентификација

Струмичанец со своето возило удрил во паркиран автобус и починал

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штрковите во Гевгелиско колабираат и дехидрираат поради топлото време

A1on