Мирчевски: Со години жителите на Гевгелија пијат загадена вода, полна со отровен арсен

Од:

На криминален начин се потрошија 630 милиони евра за споменици во Скопје, граѓаните постојано се задолжуваат, а 4 години жителите на Гевгелија пијат загадена вода, полна со отровен арсен. Поминаа две години откако на 16.05.2014 година, Институтот за јавно здравје на Р. Македонија, констатираше дека водата од гевгелискиот водовод не е безбедна за пиење, вели Пеце Мирчевски, член на Извршен одбор на СДСМ.

Од последната направена анализа од реномираната лабораторија, по нарачка на НВО Арсена, покажа дека присуството на арсен во водата изнесува 21,3 микрограми на 1 литар, двојно повеќе од дозволена граница (10 микрограми).

На Градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ, Иван Франгов и Јавното претпријатие Комуналец полесно им е да ги кријат анализите од јавноста, отколку сериозно да се зафатат со решавање на овој проблем којшто значи здравје и живот за граѓаните на Гевгелија и околината.

Цели 4 години, ВМРО-ДПМНЕ дозволува да се трујат граѓаните, на сметка на свои лични и бизнис интереси.
 
Градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ, Франгов за цели 8 години мандат потроши 40 милиони евра од општинскиот буџет, но не издвои ни денар за реалните потреби на граѓаните.

Недозволиво е вакво однесување на штета на граѓаните имајќи предвид дека пследиците од загадената вода се опасни по здравјето на граѓаните.

Пратеничката група на СДСМ во Собранието на Р. Македонија, во номеври 2015 година, при носење на буџетот за 2016 година, поднесе амандман со којшто побара да се издвојат 1,5 милиони евра за решавање на овој проблем.
 
Но, власта на ВРМО-ДПМНЕ го одби овој амандман со образложение дека за овој проблем биле обезбедни средства од Светска банка, со ветување дека истиот ќе биде решен до април 2016 година.

Проблемот не е решен, а граѓаните се уште пијат вода полна со отрови.

На криминалниот начин на владеење, самоволието и недомаќинското работење на ВМРО-ДПМНЕ на штета на здравјето на граѓаните му доаѓа крај.
 
По демократските промени новата влада предводена од СДСМ, се обврзува да го реши овој проблем без притоа да ја задолжува општина Гевгелија. За здравјето на граѓаните нема компромиси.

Би можело да ве интересира

Двојното убиство во Гевгелија на братот и снаата е поради скршени плочки и оштетена ограда на терасата

Предраг Петровиќ

Евтина и брза продажба на државно земјиште во Гевгелија

Емир Латифовиќ

Гевгелиските дуќанџии на градскиот пазар бараат решение за нивна локација

Емир Латифовиќ

Општина Гевгелија со најмал број на невработени

Емир Латифовиќ

Гевгелиската библиотека ја одбележа годишнината од раѓањето на Гоце Делчев

Емир Латифовиќ