МИОА: Новиот закон за медиуми не ја ограничува слободата на информирање преку интернет

Од:

Министерството за информатичко општество и администрација реагира на соопштението на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и информацијата дека неколку портали во знак на револт од решенијата на законот за медиуми ќе остават црна страница.

Министерството за информатичко општество и администрација известува дека во ниту еден дел од новиот закон не се содржи одредба за регулирање, ниту ограничување на слободата на информирањето преку интернет.

„Во изминатиот период повеќепати беше укажано дека со новиот закон ќе се врши само евидентирање на порталите (правни субјекти, а не физички лица), но не и нивно регулирање.

Министерството за информатичко општество и администрација уште еднаш потсетува дека во Нацрт-законот се вградени сите европски директиви (начела и дефиниции), кои претставуваат стандарди во европските земји.

Дезинформациите кои се пуштаат во јавноста преку одредени медиуми, како и повикот на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници до информативните веб-сајтови да ги „затемнат“ на еден час „во знак на протест поради опасните тенденции со нов закон за медиуми да се внесе информативен мрак на интернет“, само штетат на процесот на јавната расправа која е во насока на донесување на квалитетен Закон за медиуми, кој ќе ја подобри медиумската област во Република Македонија“, се вели во соопштението.

Реагираше и ВМРО-ДПМНЕ. Според владеачката партија Синдикатот е управуван и спревоведува директиви на СДСМ.

А1он ја поддржува иницијативата на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и утре, 3-ти мај, Меѓународниот ден на слободата на печатот, ќе ја затемни страната во знак на протест поради информативниот мрак на интернетот, кој се заканува со законот за медиуми.

Би можело да ве интересира

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество