Министри тераaт кампања од врата на врата во Гевгелија

Од:

Вчера во Гевгелија министерот за образование Панче Кралев, заедно со претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Гевгелија, спроведуваа кампања за локалните избори и за своите кандидати за градоначалник и советници по системот од врата на врата.

„Ова е знак дека ги фати паника дека губат во Гевгелија, па мора и министри да  им одработуваат“, рече кандиатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата „Сојуз за иднината“ за Гевгелија, Саве Марачков, на средбата со граѓаните во населеното место Богородица.

Ваквата незаконска присутност на членови на извршната власт во кампањата за време на избори, кое е казниво и недозволиво по Изборниот законик на РМ, може да е обид за прикривање на срамниот чин на насилие од страна на ВМРО-ДПМНЕ во Гевгелија, кој се случи деновиве.

„Народот не им верува, зашто една грешка сакаат да прикријат со друга: насилието да го забошотат со учество на министрти во изборна кампања. Тоа не им е работа на министрите“, вели кандидатот на СДСМ за градоначалник Саве Марачков.

А. Д.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија