Министерството за земјоделство ја демантира изјавата на СДСМ

Од:

Министерството за земјоделство ја демантира изјавата на СДСМ, во демантот се вели:

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по добиените сознанија од теренот за нелегално производство на тутун, преку Државниот инспекторат за земјоделство изврши неколку контроли во периодот од 05 до 15 септември во атарот на селата Могила и Кукуречани.

При контролата констатирано е дека има нелегално производство на широколисен тутун на околу 60 хектари, за кој нема склучени договори со откупни претрпијатија. Нелегално производство е пронајдено кај 24 физички лица, на кои согласно Законот за тутун им е изречена казна во висина од 600 евра и им се издади решенија за забрана на производство и пласман на овој тип на тутун.
Инспекторите повторно извршија контрола и констатираа дека од 24-те лица, 12 не се придржувале на решенијата за забрана за производство и пласман, поради што на овие лица согласно Законот за тутун ќе им биде изречена казна од 1.500 евра.

Во тек е координирана акција со Министерството за внатрешни работи за одземање на нелегалното производство на тутун.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство жали што СДСМ повторно излегува со промашена тема на прес конференција однодно пласира информација за веќе координирана акција на Државниот инспекторат за земјоделство и Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Полицијата во Неготино заплени 283 килограми тутун

Горан Наумовски

Царина заплени 780 килограми тутун вреден 3,4 милиони денари

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе бараат забрана за увоз на тутун додека не се потроши домашниот

Ландов

Владата дозволи користење на електронските цигари во затворени простории

А1он

Голема акција за заплена на режан тутун по пазарите и складиштата

Во фирма во Струмица пронајдени 330 килограми режан тутун без бандерола

А1он