Министерството за правда побара од Судскиот совет да го достави записникот од вчерашната седница

Од:

Министерстото за правда заради добивање повеќе информации испратило барање до Судскиот совет да ги достави на увид Записникиот од вчерашната седница, како и усвоениот дневен ред, на која беше разрешена претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева.

Во денешното соопштение од Министерството за правда се вели дека со голема загриженост ги следат настаните во Судскиот совет.

-И покрај тоа што Судскиот совет е самостоен и независен орган кој треба да ја обезбеди самостојноста и независноста на судската власт, она што во моментов се случува во голема мера ќе влијае на натамошната доверба на граѓаните во судството. Заради добивање на повеќе информации, Министерството за правда испрати барање до Судскиот совет да ги достави на увид Записникиот од 438-та седница како и усвоениот дневен ред. Се надеваме и посакуваме да се надмине целокупната ситуација, а Судскиот совет да биде орган кој ќе води грижа за угледот на судството, се наведува во соопштението од Министерството за правда.

Би можело да ве интересира

Продолжува преписката меѓу Уставен и судиите: Судската независност не може да биде оправдување за непочитување на Уставот

Катерина Ѓуровски

Судиите му одговорија на Уставен: мора да се почитува самостојноста и независноста на редовните судови

Судскиот совет го избра Зоран Герасимовски за в.д. претседател на скопска Апелација

Судскиот совет избра 68 нови судии, a разреши двајца

Поништени огласите за членови на Судскиот совет од редот на Собранието и за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието