Министерството за Одбрана прва институција што го импелементира Законот за процена

Од:

Во просториите на Министерството за одбрана на Република Македонија беше промовиран почетокот на имплементацијата на Законот за процена, во кој се дефинирини повеќе области кои на повеќе начини ја дефинираат правната материја низ процесите во Министерството за одбрана и АРМ.

Министерот за одбрана Талат Џафери потенцираше дека МО е прва државна институција која ја спроведува оваа процедура. Тоа, според него, ќе претставува сериозна предност во правните постапки кои го тангираат Mинистерството кое досега без законска рамка не можеше да се ослободи од недвижниот имот кој не е веќе во негов интерес.

Додели четири лиценци и укажа дека МО ќе продолжи со лиценцирање стручни луѓе во оваа област, со оглед на обемот на активности и неопходната бројност од вакви лица за потребите на МО и АРМ.
Началникот на Генералштабот на АРМ генерал мајорот Горанчо Котески го искажа своето задоволство од оваа едукативна активност и им порача на лицата кои веќе ја носат оваа лиценца, да се чувствуваат како дел од големото семејство на АРМ дека искрено верува во нив и се надева на одлична соработка.
Присутните кои ги подигнаа своите сертификати за лиценцирање на оваа кратка церемонија, му се заблагодарија на Министерството за одбрана на Република Македонија за успешно спроведената едукација.

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски