Министерството за образование врши надзор на училиштата во неколку општини во земјава

Од:

Ревизорски тим од Министерството за образование деновиве врши чешлање, односно надзор на работењето училиштата во неколку општини во земјава дознава А1.

Претставници на Министерството за образование веќе биле во Охрид, Кичево и Струга. Ова за А1 го потврди и раководителот на секторот за образование во струшката локална самоуправа Џеми Хајредини.

Ова доаѓа вели тој и по реакциите на општините дека средствата кои ги добиваат од министерството за нафта и превоз на ученици не се доволни и оти се потребни дополнителни блок дотации. Хајредини за А1 рече дека Министерството за образование треба да даде насоки на општините што да прават со училиштата каде што бројот на ученици е многу мал, односно дали да ги рационализира.

„Министерството за образование треба да е конкретно и да заземе став, дали на ниво на Република треба да се рационализира бројот на подрачните училишта. Конкретно треба да ни кажат дали и понатаму училишта треба да има во Радожда, Јабланица, Добовјани. Каде бројот на ученици е мал. Ако одлучат дека тие училишта треба да се рационализираат, треба да обезбедат транспорт за тие деца, а наместо да плаќаме учителки ќе треба да плаќаме таксисти“ рече Хајредини.

Инаку на 1 милион и 200.000 евра се искачи долгот кој што струшките училишта го имаат кон добавувачи за нафта, огрев и превоз на ученици.Овој проблем се одолговлекува веќе неколку години, но ескалираше последната година.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска