Министерството за финасии дало дозвола за вработувања во тетовската болница

Од:

Навреме е и позитивно е одговорено од Министерството за финансии за вработувањата во тетовската болница, рече денеска, министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска на прес-конференција.

Таа посочи дека во Министерството за финансии секое барање се евидентира, архивира и за кој било предмет може да се побара информација и порача до здравствените институции да ја почитуваат процедурата при барање на согласности за вработување.

Процедурата за барање за согласности за вработување во случајот со здравствените работници, рече Димитриеска – Кочоска, оди така што Министерството за здравство испраќа допис за барање за согласности, без разлика дали е за договори на дело, за определно или неопределено време, до Фондот за здравство, оттаму се испраќа допис до Министерството за финансии кое врши проверки, дали има или нема средства. Во случај да нема, не се одговара позитивно, а ако има средства рокот за одговор е триесет дена, појасни министерката.

– Не се случило да не одговориме во рок кога станува збор за позитивните согласности, рече министерката.

На прес конференцијата таа појасни дека Фондот за здравство е тој што контролира и ја игра улогата на Министерството за финансии кога станува збор за ресорот здравство. Во останатите институции, посочи таа, се случува да има барање, меѓутоа да не е потполно, да не е предвидено работното место со систематизација или пак да не е планирано во годината, при тоа ако има грешки се чека на корекција и поминува подолго време додека се врши промена во систематизацијата, посолувајќи примери од култура и образование.

– Во конкретниот случај со тетовската болница, одговорено е навреме и одговорено е позитивно, пред тие да почнат, да кажеме да реагираат. А, каде застанало се, истиот пат се враќаме назад до Фондот за здравство, па фондот за здравство до Министерството, по министерството до болницата во Тетово. Каде застанало во движењето, треба да одговорат од Фондот за здравство или Министерството за здравство. Но, ве уверувам кај нас, бидејќи сè се евидентира за се има архива, секогаш може да прашате за конкретен предмет доколку кој било го интересира и да извадиме податоци да покажеме со архивски броеви, кога е примено зошто се чекало толку време, дали е одговорено надвор од рок. Претпоставувам дека некаде во движењето, до крајната дестинација, крајната дестинација е општа болница Тетово, најверојатно некаде по пат, некоја од институциите, застанала, рече министерската.

Министерката за финансии ги повика сите кои мислат дека барањата застануваат во Министерството за финансии да побараат информации со барање за пристап до информации од јавен карактер, укажувајќи дека ресорното министерство ќе одговори со докази, што е добиено од институцијата, дали имало одредени пропусти, дали работното место го има или нема во систематизацијата.

– Ние сме Министерство за финансии, кај нас, кога ќе излезе некој документ значи дека се е во рамки на законот. Јас не можам да пуштам согласност доколу не е. Во конкретнава ситуација не станува збор за такво нешто, имало и средства и се. Одговорено им е, што се случува по патот назад, повторно ќе кажам до Фондот за здравство до Министерството. Можеби во Министерството имало застој, додека нели чекавме оставка, не знам, рече министерката за финансии. И за останатите здравствени институции посочи дека „се што е стигнато и што е уредно, е одговорено навреме“.

Таа кажа дека имала состаноци со сите заинтересирани, и со директори на здравствени установи и повика сите да ги читаат законите и договорите без разлика дали се здравствени работници, работници од област на култура или во образование.

– За мене се сите исто, законот е за сите ист, рече министерката за финансии Димитриеска – Кочоска.

Би можело да ве интересира

Наставничка на час истепа ученик во Тетово

Работат со договор на дело по 10 години, сега немаат плата два месеци – протест во тетовската болница

Оружен инцидент во Тетово: Напаѓачи пукале во семејна куќа, нема повредени

Насилник го нападнал новинарот Неврим Адеми

Меџити: Градиме патишта за нашиот народ, Коридорот 8 е повеќе од пат

Автопатот Тетово-Гостивар долг 17,5 километри ќе биде готов за две и пол години

Горан Наумовски