Министерство за животна средина: Средувањето на проблемот со депониите е комплексен и бара посветеност од сите чинители

Од:

Еден од врвните приоритети на Министерството за животна средина и Владата на Република Северна Македонија, во соработка со локаната самоуправа е воспоставувањето на интегриран самоодржлив регионален систем за управување со отпад за секој од регионите. Но, спроведувањето на процесот одзема многу време бидејќи е многу комплексен и бара голема посветеност од сите чинители, велат од Министерството за животна средина во врска со апелот на Народниот правобранител одговорните што побрзо да го решат проблемот со депониите.

-Обврската за управување со комуналниот отпад, вклучувајќи го и управувањето со регионалните депонии е обврска на единиците на локалната самоуправа. Истите, соочувајќи се со ниски капацитети (и технички, и финансиски) за самостојно да го воспостават наведениот систем, и бидејќи општините во сите региони на државата не ги исполнија обврските кои произлегуваат од Законот за управување со отпад, односно бидејќи општините по соодветните региони не се организираа во законскиот рок да основаат депонии за комунален отпад во согласност со законот, Владата на Република Севрна Македонија донесе одлука за преземање на обврската од општините во одделни плански регион и започна да го спроведува процесот за основање на регионални депонии во согласност со Планот на Република Северна Македонија за управување со отпад, велат од Министерствоти за животна средина.

Информираат дека ресорното министерство, со средства од Европската Унија во изминатиот период подготвило проектна и тендерска документација за воспоставување на регионален систем за управување со отпад за шест региони и тоа Источен и Североисточен, Скопски, Вардарски, Пелагонија и Југозападен регион.

-За Источниот и Североисточниот регион веќе се обезбедени средствата во висина од приближно 43 милиони евра и интензивно се работеше со сите 18 општини кои треба да го формираат заедничкото јавно меѓурегионално претпријатие за управување со отпад, кое ќе стопанисува со идната регионална депонија. Во рамки на овој процес, планирано е и затварање на нестандардните депонии/диви депонии и набавка на опрема за собирање и транспорт на отпадот за овие два региони, информираат од Министерството за животна средина, и додаваат дека следната година овие два региона ќе ги затворат сите диви депонии.

Во однос на Полошкиот регион, Министерсвото информира дека потпишан е билатерален договор помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Швајцарија во висина од приближно девет милиони швајцарски франци, врз основа на кој почна со изведба шест годишен проект кој има за цел изработка на потребната планска документација за воспоставување на регионален систем за управување со отпад, рехабилитација на регионалната нестандардна депонија Русино, како и зајакнување на техничките капацитети на општините од овој регион.

-Се согласуваме со констатацијата дека правото на граѓаните за здрава животна средина и заштита на здравјето претставува една од основните загарантирани уставни права. Во таа насока, по однос управувањето со отпад, Владата на Република Северна Македонија и Министерството за животна средина и просторно планирање со здружени сили им помагаат на општините да ја надминат состојбата со несоодветното управување со отпадот. Потребно е време и голема посветеност на сите чинители за да се реализираат зацртаните планови и проекти, и Ве уверуваме дека сите со заеднички напори ќе продолжиме да работиме на подобрување на состојбата со животна средина, стои во соопштението на Министерството за животна средина.

Би можело да ве интересира

Посебен режим за камиони, засилени контроли во сообраќајот, вонредни инспекции кај потенцијалните загадувачи – мерки за намалување на загадувањето

ЦУК: Да не се палат ниви и диви депонии, се уште има пожари на отворен простор

Министерството за живтна средина му ги одзеде ингеренциите на градоначалникот на Свети Николе за депонијата кај Мечкуевци

Арсовска излажа, депониите во Скопје стојат тврди СДСМ

Се чистат диви депонии во Битола

Ландов

Фабриката „Пејпер мил“ ја изгаси печката, инспекторите утврдиле загадување

Ана Василевска