• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Министерство за здравство: Не треба да се редуцираат надоместоците за дежурства и ноќен труд

by А1он18/11/2022 - 13:55205
Share0

Министерството за здравство сите напори континуирано ги насочува кон афирмација и унапредување на статусот и улогата на здравствените работници во општеството, се истакнува во соопштението од оваа институција.

Добивај вести на вибер

„Изминатите три години здравствените работници и здравствените соработници, посветено и со натчовечки напори работеа на браникот на ковид пандемијата, пружајќи помош и борејќи се за здравјето и животот на секој пациент. Министерот за здравство, Беким Сали, имајќи ја предвид незаменливата улога на здравствените работници, јасно и недвосмислено го истакнува ставот дека тие ја заслужуваат целата наша почит и во ниеден случај не треба да бидат редуцирани финансиски средства од нивните додатоци, како што се надоместоците за дежурства и ноќен труд. Воедно, го пренесуваме и ставот, како на Министерството за здравство, така и на Владата на РСМ дека не се планира воведување проекти за плаќања по учинок, особено поради фактот што овој тип на проекти во минатото се покажаа како целосно неуспешна реформа“, е наведено од Министерството за здравство.

Министерот и заменик министерот за здравство, заедно со претставници на двата синдиката за здравство, како и претставници од Лекарската комора на Македонија и Здруженијата за медицински сестри, овие ставови, како што додаваат од оваа институција, ќе ги претстават и пред Фондот за здравствено осигурување и Министерството за финансии, со цел да се приоретизира ова прашање, односно да се изнајдат средства за покачување на платите, со особен осврт на медицинските сестри и другите здравствени работници и соработници со средно образование.

ministerstvo za zdravstvo

Би можело да ве интересира

MЗ: Предлог-законот за заштита од пушење не уредува дали некој ќе пуши, туку определува каде тоа не смее да се практикува

А1он17/01/2026 - 11:0717/01/2026 - 10:50

За смртта на новороденчето на гинекологија, Министерството за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор

Катерина Ѓуровски16/12/2025 - 12:3616/12/2025 - 12:44

МЗ: Во текот на ноќта извршени 13 интервенции од Итна помош во Трубарево

А1он15/09/2025 - 15:25

Скопјани и утрово се разбудија во силна, непријатна миризба

Катерина Ѓуровски14/09/2025 - 08:04

По наводите дека се вршат непотребни операции, д-р Кедев на средба со министерот за здравство

А1он25/08/2025 - 11:31

Имавме неколку контроли, не беа констатирани неправилности, реагираат од Стоматолошката комора откако Алиу им го презеде лиценцирањето

Катерина Ѓуровски11/08/2025 - 13:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен