Министерство за правда: Грујевски и Бошковски пред Обвинителството во Солун

Од:

Горан Грујевски и Никола Бошковски во текот на денот ќе бидат изведени пред Обвинителство во Солун, каде ќе им биде одредено во кој затвор ќе бидат притворени се до комплетирање на предметот на екстрадиција, соопшти Министерството за правда.

За ова Министерството го информирала Канцеларијата за конзуларни, економски и трговски работи на Република Македонија во Солун.

– Канцеларијата за конзуларни, економски и трговски работи на Република Македонија во Солун, денеска официјално информираше дека вчера во 15 часот се уапсени Горан Грујевски и Никола Бошковски поради кршење на член 8381 на грчкиот законик, односно при пасошка контрола биле евидентирани со фалсификат бугарски пасоши и притоа е утврдено дека за нив е распишана меѓународна потерница од Интеропл по барање на МВР на Република Македонија, стои во соопштението од Министерството за правда.

Бошковски и Грујевски се обвинети од СЈО во случаите „Тврдина“, „Таргет“ и „Тврдина 2“.

Двајцата од 18 јули, кога Апелацискиот суд им определи мерка притвор, се недостапни за полицијата, најверојатно криејќи се со лажни идентитети. Тие се обвинети за уништување на опремата за прислушување.

Би можело да ве интересира

Претседателот може да помилува само осудени, не и кривично гонети: Предлог законот за помилување во Собрание

Орце Костов

Лога: Очекувам брза екстрадиција, списите денеска ќе ги пратиме по електронска пошта и преку амбасадата

Александар Тодески

Обвинителството реагира до Лога: Дел од забелешките за Извештајот се неточни, Јовески е спремен да одговори согласно закон

Александар Тодески

Министерство за правда: Законот за амнестија нема да се носи со европско знаменце

Горан Наумовски

Министерството за правда ќе врши надзор над системот за електронска распределба на предметите во јавните обвинителства

Нова амнестија: На слобода сите осудени на затвор до шест месеци, ВМРО ќе го блокира Законот

Орце Костов