Министерот задолжен за странски инвестиции Аднан Ќахил во посета на Турција

Од:

Министерот задолжен за странски инвестиции Аднан Ќахил, на покана на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, присуствуваше на свеченост по повод 946-годишнината од Битката кај Малазгирт.

Ќахил, како што информираат од неговиот кабинет, на свеченоста викендов во округот Малазгирт присуствувал на покана на Ердоган, заедно со голем број на турски функционери, меѓу кои генералот на Армијата Хулуси Акар, вицепремиерот Реџеп Акдаг, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу.

Претседателот на Република Турција, во меѓусебните разговори, како што стои во соопштението, истакнал дека ја поддржува новата Влада предводена од Зоран Заев, како и безрезервното учество на Партијата на движење на Турците во Македонија во Владата на РМ.

Овој важен датум од турската историја се одбележува со големи манифестации и прослави со што се оддава почит на славната битка со која турците ги отвориле вратите на Анатолија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драма во Анталија: Пукање во владина зграда, напаѓачот се заклучи внатре, специјалните сили ја опколија зградата

ВИДЕО: Узбуна во НАТО базата Инџирлик во Турција

Иранска балиситичка ракета соборена во воздушниот простор на Турција

Фидан: Израел провоцира конфликти, спроведувајќи експанзионистичка агенда

Турција се плаши од хаос и бран бегалци од Иран

Горан Наумовски

Иранска балистичка ракета лансирана кон Турција соборена од воздушната одбрана на НАТО