Министерот за странски инвестиции Ќахил се сретна со Давутоглу

Од:

Претседателот на Партијата за движење на Турците во Македонија, воедно Министер задолжен за странски инвестиции во Владата на Република Македонија, Аднан Ќахил, денеска оствари средба со поранешниот премиер на Република Турција, Ахмет Давутоглу.

Како дел од тридневната посета на Македонија, Давутоглу по средбата со Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, го посети и кабинетот на Министерот Ќахил и му посака среќа во неговата функција како Министер задолжен за странски инвестиции и како единствен претставник од турската заедница.

Ќахил изјави дека Република Македонија поминува од еден многу важен период во кој не треба да гледаме кон она што се случувало во минатото, напротив, заедно треба да создадеме услови за подобра иднина.

На средбата која помина во топла и пријателска атмосфера, покрај поранешниот премиер на Република Турција, Ахмет Давутоглу, присуствуваше и амбасадорот на Република Турција во Република Македонија, Тулин Еркал Кара и пратеникот од редовите на Партијата за движење на Турците во Македонија,Енес Ибрахим.

Би можело да ве интересира

Летовите се откажани, а наставата е прекината во неколку провинции во Турција поради лоши временски услови

Седум полицајци повредени во антитерористичка операција во Турција

Училиштата во 17 турски провинции се затворени поради снежни врнежи

Уапсена актерка од „Сулејман Величествениот“

Нови апсења во Турција за наместени натпревари, меѓу приведените е и поранешниот потпретседател на Галатасарај

Турција приведе 115 осомничени членови на Исламска држава