Министерот за правда ќе почека да поминат празниците па ќе го собира Советот за реформи во правосудството

Од:

Деловникот за работа на „Советот за реформи во правосудството“, кој го подготвија професорката Мирјана Најчевска, поранешната судијка во Судот за човекови права во Стразбур, Мирјана Лазаревска Трајковска, и уште тројца членови на ова тело е готов уште пред Нова година, дознава „Макфакс“. Но, и покрај тоа што Деловникот бил испратен до Министерството за правда и дополнително дел од членовите се јавиле да прашаат кога ќе биде закажан нов состанок, досега тоа не се случило.

„Деловникот беше готов уште третиот ден откако ни ја дадоа задачата. Потоа беше испратен до Министерството, но оттаму не закажаа состанок. Ние се јавивме и прашавме зошто не се закажува состанок кога се договоривме пред Нова година тоа да се направи, ни рекоа дека се во гужва. Оттогаш не нè исконтактирале. Ако до вторник не нè исконтактираат јас сигурно ќе поднесам оставка“, изјави професорката Мирјана Најчевска. „Ние чекаме да се закаже состанок бидејќи состаноците според досегашната динамика ги закажува министерот. Ние во Деловникот бараме други решенија за да не доаѓаме до вакви ситуации“, вели Најчевска.

Oд Министерството за правда за „Макфакс“ изјавија дека нема определено точен датум кога ќе биде свикан повторно Советот, но состанокот ќе се одржи по празниците. Советот за реформи во судството брои 27 члена, меѓу кои се и министерот за правда Билен Салији, заменик-министерот за правда Оливер Ристовски, како и поранешните судијки Маргарита Цаца Николовска, и Наташа Габер Дамјановска, професорите Љубомир Фрчкоски, Гордан Калајџиев, Борче Давитковски, Беса Арифи, Мерсим Максути, актуелни судии, Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет, државни советници…

По искажаното незадоволство за начинот на кој функционира ова тело, оставки најавија професорите Гордан Калајџиев и Мијрана Најчевска, но министерот за правда ги собра на состанок во декември и рече дека несогласувањата се надминати, а Советот ќе продолжи да работи како што функционирал, но со „продолжено и забрзано темпо“.

В. Маглешов

Би можело да ве интересира

Претседателот може да помилува само осудени, не и кривично гонети: Предлог законот за помилување во Собрание

Орце Костов

Лога: Очекувам брза екстрадиција, списите денеска ќе ги пратиме по електронска пошта и преку амбасадата

Александар Тодески

Обвинителството реагира до Лога: Дел од забелешките за Извештајот се неточни, Јовески е спремен да одговори согласно закон

Александар Тодески

Министерство за правда: Законот за амнестија нема да се носи со европско знаменце

Горан Наумовски

Министерството за правда ќе врши надзор над системот за електронска распределба на предметите во јавните обвинителства

Нова амнестија: На слобода сите осудени на затвор до шест месеци, ВМРО ќе го блокира Законот

Орце Костов