Министерот за правда бара испитување на смртта на Сулејмани

Од:

Министерот за правда Блерим Беџети бара да да се испитаат причините и околностите за смртта на затвореникот во штипскиот затвор, Ибрахим Сулејмани, пораншен припадник на ОНА.

Како што се наведува во соопштението од Министерството за правда, првичните податоци докажуваат дека не се пронајдени знаци на насилство на телото на починатиот и произлегува дека смртта настанала од природни причини.

„И покрај првичните податоци дека станува збор за природна смрт, министерот Беџети ги ангажира сите надлежни служби за да се разгледа каква било дилема која би ја имала јавноста и семејството на починатиот, околу причините за смртта“, се наведува во соопштението.

Беџети изразил сочуство на семејството на починатиот припадник на ОНА и најавил дека сите постапки ќе се спроведат во согласност со законот и очекувањата на неговото семејството.

„Министерството за правда известува дека сега веќе починатиот Ибрахим Сулејмани е ослободен од обвинувањата за воени злосторства во согласност со Законот за амнестија и автентичното интерпретирање на истоимениот закон од страна на Собранието на Република Македонија, врз основа на одлуката на Основниот суд Тетово КУИКП бр. 117/03, донесена на 9 септември 2011 год.

По барање на починатиот, другите негови кривични дела се ставени под едно обвинение со обвинението за воени злосторства и постапката беше во тек за посебно делење на кривичните дела на покојниот“, се наведува во соопштението од Министерството за правда.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски