А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто во посета на Македонија

by А1он17/12/2017 - 12:40159
Share0

На 18 декември 2017 година, во официјална посета на Република Македонија ќе престојува министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто.

Добивај вести на вибер

На средбата со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, ќе се разговара за билатералните односи, европската и евро-атлантската интеграција на Република Македонија, како и за внатрешно-политичката состојба во нашата земја и односите со соседите. Исто така, ќе бидат разменети и мислења за актуелните регионални и меѓународни прашања.

За време на посетата, предвидено е потпишување на Акциски план за соработка меѓу Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Министерството за надворешни работи и трговија на Унгарија за 2018 година, кој предвидува конкретни форми и активности за натамошна соработка меѓу двете Министерства.

Во рамките на посетата, предвидено е министерот Сијарто да биде примен од претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, од претседателот на Собранието, Талат Џафери и од претседателот на Владата, Зоран Заев, како и да оствари средби и со замениците на претседателот на Владата на Република Македонија, Бујар Османи и Кочо Анѓушев.

mnr

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски08/03/2026 - 08:4108/03/2026 - 08:41

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

Горан Наумовски05/03/2026 - 09:43

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски04/03/2026 - 14:2704/03/2026 - 14:28

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

Горан Наумовски04/03/2026 - 12:20

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

Горан Наумовски03/03/2026 - 11:38

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија

Горан Наумовски02/03/2026 - 12:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен