Министерот за надворешни работи на Украина, Климкин во посета на Македонија

Од:

На 11 и 12 април 2018 година, во официјална посета на Република Македонија ќе престојува министерот за надворешни работи на Украина, Павло Климкин.

Во рамките на посетата, министерот Климкин на 11 април ќе оствари средба со шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров. На средбата ќе бидат разгледани можностите за натамошно унапредување на билатералните политички, економски и друг вид односи и соработка. Ќе бидат разменети и мислења од доменот на европските и евро-атланските аспирации и интеграци на двете земји, како и за други актуелни меѓународни прашања.

Министрите Димитров и Климкин ќе потпишат и Заедничка декларација меѓу Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Министерството за надворешни работи на Украина како и Меморандум за заемна соработка меѓу Дипломатската академија во Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Дипломатската академија „Генадиј Удовенко“ во Министерството за надворешни работи на Украина.

Во рамките на официјалната посета на Република Македонија, министерот Климкин ќе биде примен и од претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, претседателот на Владата Зоран Заев и од заменик претседателот на Владата, Бујар Османи.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија