Министерот за економија ја поддржува иницијативата за бојкот на маркетите

Од:

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши со поддршка за најавената иницијатива за бојкот во петок за пазарење во маркетите.

На социјалната мрежа „Фејсбук“, Дурмиши вели дека тоа е граѓанско право на потрошувачите и дека тие имаат право сами да одлучуваат како и каде ќе ги трошат парите.

– Ги поддржуваме граѓаните во бојкотот пред се на маркетите кои изминативе години енормно ги зголемуваат цените на производите без никаква економска логика. Ние како Министерство за економија и труд носевме мерки за заштита на стандардот на граѓаните со замрзнување на маржата на основните прехранбени производи со цел да не дојде до енормно зголемување на цените каде што нема основа за истото и во таа насока ги поздравуваме ваквите иницијативи и граѓани со вакви активности. Изминативе години претходната влада ги толерирала трговците, кои за дополнителен профит преку нереалните зголемувања на цените дополнително се богателе на грбот на граѓаните. Ова однесување мора да запре, напиша Дурмиши.

Вели дека Државниот пазарен инспекторат е на терен и доколку утврди неоправдан енормен раст на цените и нарушување на пазарната логика, ќе бидат искористени сите механизми што им се на располагање и ќе бидат донесени одлуки и мерки со цел да се заштити стандардот на граѓаните.

На социјалните мрежи во тек е иницијатива за бојкот за пазарење во маркетите по примерот на Хрватска. Граѓаните се повикуваат во петок да не пазарат во маркетите поради растот на цените на основните прехранбени производи.

Би можело да ве интересира

Владата денеска решава дали ќе ги прифати предлозите на трговците или ќе донесе и свои мерки

Ќе има затворање маркети и отпуштањa ако се ограничат маржите, Комората на трговци бара итна средба со Владата

Катерина Ѓуровски

Одлуката за ограничување на маржите на седница на Влада, се очекува да опфати над 100 групи производи

За бојкотот на маркетите, министерот Дурмиши напомена дека е легитимно право на граѓаните и го поддржува

Мицкоски вели маркетите да ги објавуваат цените на веб сајт, СДСМ му порача да не се мајтапи со граѓаните

На владина седница извештајот за бојкотот на маркетите, можни мерки за цените

Катерина Ѓуровски