Министерот за дијаспора Адеми во официјална посета на Романија

Од:

Министерот задолжен за дијаспората Едмонд Адеми, во придружба на директорот на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија Никола Шалваринов, од утре до 10-ти овој месец ќе бидат во официјална посета на Романија.

За време на посетата, делегацијата предводена од министерот Адеми, како што соопшти неговиот кабинет, ќе има средби со претставници на дијаспората од Македонија во Романија, при што ќе учествува на настанот „Ден на македонскиот јазик во Романија“, а ќе имаат и средби со Заедницата на Албанците во Романија, по потекло од Република Македонија.

Инаку, „Денот на македонскиот јазик во Романија“ е определен по Декретот на претседателот на Романија, Клаус Вернер Иоханис, бр. 625, од 26 јули 2018 година за прогласување на Законот за основање на Денот на македонскиот јазик, според одредбите на чл. 77 параграф 1 и чл. 100 параграф 1 од Уставот на Романија.

Покрај учеството на настани и средби со дијаспората, министерот Адеми ќе оствари билатерални средби и со министерката за Романците во странство, Наталиа Елена Интотеро и министерот за култура и национален идентитет, Валер Даниел Бреаз.

Во рамките на официјалната посета на Романија, на македонската делегација ќе и се организира прием во Парламентот на Романија и во тие рамки, министерот Адеми ќе има средба и со пратеничката на македонската заедница во Парламентот, Мариана Венера Попеску.

Министерот Адеми, како што соопшти неговиот кабинет, со соговорниците, меѓу другото ќе разговараат и за други прашања од областа на културата во интерес на унапредувањето на положбата на нашите претставници на дијаспората и нивна инклузивност во економскиот, политичкиот, социјалниот и културниот живот во овие две пријателски земји.

Меѓу другото, ќе се разменат мислења и искуства на Македонија и Романија кон членството на НАТО и ЕУ и регионалната соработка и други прашања од поширок интерес, за време на шестмесечното претседавањето на Романија со ЕУ од почетокот на јануари 2019 година.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Грешките од минатото се тешки како планини, но Македонија денес е држава за почит

Горан Наумовски

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата