Министерот Сугарески се сретна со италијанскиот амбасадор Ромео

Од:

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески оствари средба со италијанскиот амбасадор Карло Ромео со кого меѓу другото разговараше за претстојниот Самит на Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес што ќе се одржи на 12 јули во Трст.

На Самитот ќе биде потпишан договор за транспортна заедница меѓу земјите од Западен Балкан (Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора) од една страна и Европската унија од друга страна.

Министерот Сугарески го информираше италијанскиот амбасадор и за реформите што ќе се спроведуваат во наредниот период во насока на зголемување на економскиот развој на Македонија, како и за проектите што се реализираат во делот на инфраструктурата.

Сугарески изрази благодарност за досегашната поддршка што Италија и ја дава на Република Македонија и изрази уверување дека таквата соработка ќе продолжи и во иднина на повисоко ниво.

– Италија е долгогодишен партнер на Република Македонија. Изразувам благодарност за таквиот пријателски однос и се надевам дека таквата соработка ќе продолжи и во следниот период, рече Сугарески.

Двајцата соговорници, соопшти ресорното Министерство, размениле мислења и околу актуелните состојби во двете земји.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

Орце Костов

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска