Министерот Спасовски во посета на СВР-Битола

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска го посети Секторот за внатрешни работи -Битола, каде од првите луѓе беше информиран за безбедносната состојба во Битола, Прилеп и останатите делови од надлежност на СВР-Битола.

Според Спасовски основната задача е да се обезбеди мирен, предизборен период, изборен ден и пост изборен период, односно полицијата мора да биде сервис на граѓаните, а не на политичарите или политичките партии.

– Сите треба да постапуваат крајно професионално и во интерес на граѓаните, а политиката да ја остават на политичарите. Притоа најстрого ќе биде казнет секој полицаец што ќе учествува во предизборна кампања на било која политичка партија. Таков случај регистриравме во Струга и на други места за кои преземаме мерки. Полицијата мора да биде сервис на граѓаните, а не на политичарите или политичките партии, изјави Спасовски по средбата со раководството на СВР-Битола.

На средбата со новинарите во Битола, министерот Спасовски изјави дека во Прилеп е регистриран и пријавен случај на давање поткуп за политички цели.

– Двајца граѓани на Прилеп пријавија дека претставик на политичка партија понудил соодветна сума поткуп за изборите. Направена е кривична пријава против еден сторител, известен е јавниот обвинител и се преземаат мерки за откривање на овој случај. Апелирам до политичките партии кампањите да ги водат на ниво на програми и концепти и без злоупотреби. Апелирам до граѓаните доколку забележат случај на злоупотреба од било кој политички субјект тоа веднаш да го пријават во полициска станица и да соработуваат со МВР, посочи Спасовски.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсени се две лица, одземено е товарно возило, запленета е стоката

МВР: На социјалните мрежи се појавија лажни објави за телефони, апелираме да не кликнувате на такви објави

За 48 часа МВР „подели“ 1.293 казни на возачи и пешаци

Во акција на МВР и АНБ: Запленето електронски докази, оружје и куршуми

Нападнат полицаец на Водно

AA: ВМРО предлага вработувања во полицијата “без оглас” и “без правична застапеност”, ВЛЕН ги брани