Министерот Спасовски се сретна со турскиот амбасадор Солендил

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа протоколарна средба со амбасадорот на Турција во Република Македонија Омур Солендил.

Како што соопшти МВР, амбасадорот Солендил искажал благодарност за досегашната соработка помеѓу двете земји, а особено се заблагодари на поддршката и соработката со Министерството за внатрешни работи. Амбасадорот, како што се наведува, потенцирал дека Република Турција е вистински пријател на Македонија и се залага за нејзино членство во НАТО и ЕУ.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се заблагодарил на поддршката и помошта која Република Турција и ја дава на Република Македонија, оценувајќи ја соработката како исклучително пријателска.

Министерот во кратки црти ги презентираше предизвиците со кои се соочува МВР во овој период, нагласувајќи дека принципот на професионалност и воспоставување на еднакви можности за сите во МВР мора да се почитува.

Спасовски и амбасадорот Солендил, како што стои во соопштението, се согласија дека од интерес на двете земји е соработката да продолжи и во иднина и таа да биде продлабочена.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он