Министерот Спасовски се сретна со полскиот амбасадор Мултановски

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со амбасадорот на Република Полска во Македонија Јацек Мултановски.

Амбасадорот Мултановски, како што соопшти МВР, му го честитал изборот на министерот Спасовски и му посакал успешна работа. Тој ја потенцирал одличната соработка меѓу двете земји и решеноста на Република Полска максимално да и помогне на Република Македонија на патот кон НАТО и Европската унија. Мултановски изразил интерес за најавените реформи во МВР и за приоритетите во наредниот период.

Министерот Спасовски се заблагодарил на честитките и на досегашната соработка со Република Полска и ја потенцирал решеноста за спроведување реформи во македонската полиција и за таа, како што се наведува, да се департизира и декриминализира и да биде вистински сервис на граѓаните.

– Министерството за внатрешни работи е во многу лоша финансиска состојба затоа што во минатото премногу средства се трошеле на непотребни работи, а полицајците неколку години работат без основните средства за работа. Веќе се преземени активности во сите сегменти и се работи на решавањето на проблемите, нагласил Спасовски на средбата.

Би можело да ве интересира

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он