Министерот Спасовски се сретна со британскиот амбасадор Гарет

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска имаше протоколарна средба со Чарлс Гарет, амбасадор на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Македонија.   

Како што соопшти МВР, Спасовски ја презентираше актуелната политичко-безбедносна солстојба во земјава и ги истакна своите заложби како министер за доследно почитување на законитоста и професионалноста во работата на вработените лица на Министерството, воопшто во сите прашања во надлежност на полицијата, а особено од аспект на одржување на предизборниот и изборниот процес во претстојните парламентарни избори.

– Тој ја претстави и моменталната ситуација од аспект на бегалската криза и промената на политика на земјите на северот, потенцирајќи дека Република Македонија презема се што е во нејзина моќ за да ја осигура безбедноста на своите граѓани, но и хуман третман на мигрантите кои транзитираат низ Република Македонија, информира МВР.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер

Горан Наумовски

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он