ВИДЕО: Министерот Спасовски ги посети повредените полицајци

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денес беше во Гевгелија во посета на транзитниот прифатен центар на граничната линија меѓу Грција и Македонија кај котата 59, со цел да се запознае одблиску со ситуацијата на терен околу денешниов инцидент на поединци од економските мигранти со полициските службеници и армијата.

IMG_8202

Министерот Спасовски ги посети и разговараше и со повредените полициските службеници, задржани во медицинскиот центар во Гевгелија посакувајќи им побрзо опоравување.
IMG_8264

„Денеска беше тензично од страна на мигрантите, ги разбирам нивните барања, но не и нивниот однос кон полицајците. Состојбата е стабилна и навистина апелирам на еден мирен начин и преку заемна комуникација со земјите од регионот и од ЕУ да се разрешува криза. Ова не е проблем на Македонија и решението не може да биде само решение на Македонија. Оддавам признание на македонските полицајци кои добро се справија со целата ситуација и покрај повредените колеги, но нема простор понатаму да се дозволува да се попречува работата на полицајците“, рече Спасовски.

Според министерот за внaтрешни работи, ќе се бара решние во рамките на ЕУ да не се случуваат вакви тензични денови каков што беше денеска.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он