Министерот Шапуриќ во работна посета во Битола

Од:

Министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни компании проф. д-р Зоран Шапуриќ вчера беше во посета во Битола, каде имаше состанок со регионалната стопанска комора Битола.

На овој состанок се разговараше за актуелните случувања во стопанството, потребите за измена на регулатива за бизнис климата; измена на регулатива за изградба на инфраструктура; измена на регулатива заради намалување на казните, а посебен акцент беше ставен на мерките донесени од страна на Владата на РМ за подобрување на инвестициската клима. Стпанствениците од Битолско-Преспанскиот регион генерално изразија позитивни мислења во врска со мерките на Владата за поддршка на домашните компании.

Покрај овој состанок, министерот Шапуриќ посети повеќе компании кои започнале со инвестиции во 2017-та година и очекуваат што поскоро да ги почувствуваат првичните ефекти од мерките на Владата на РМ за подобрување инвестициска клима за домашните компании.

Во рамките на посетатата тој имаше средба и со градоначалничката на општина Битола Наташа Петровска и Претседателот на советот на општина Битола Валентин Петровски каде ја изрази поддршката на Владата за локалната самоуправа во функција на рамномерен регионален развој.

Би можело да ве интересира

Министерот Шапуриќ на Меѓународниот економски форум во Загреб

Наум Локоски

Шапуриќ во Струмица: Ќе се засилува поддршката на домашните инвестиции

Ана Ололовска

Шапуриќ: Со европските фондови до подобра животна средина

Наум Локоски

(ВИДЕО) Арсовски до Шекеринска и Шапуриќ: Фатени сте живи и нема перење од овој скандал

Ана Ололовска

Шапуриќ: Немам никаква врска со грантот од Одбрана доделен на невладината „Мултикултура“

Ана Ололовска

Шапуриќ на меѓународна конференција за економски бенефити од управување со отпад

Наум Локоски