Министерот Шабани се сретна со евроамбасадорот Орав

Од:

Министерот за локална самоуправа Лирим Шабани денеска се сретна со евроамбасадорот Аиво Орав.

На средбата, како што информира Министерството за локална самоуправа, Шабани потенцирал дека ќе се залага за рамномерен регионален развој и ја посочил важноста од поддршката на ЕУ.

– Целосно сум посветен на имплементација на процесот на децентрализација, како и на максимално искористување на средствата од ЕУ, преку спроведување на програмите за прекугранична соработка, се вели во соопштението.

Во изминатиот програмски период, како што се наведува, искористени се околу 70 отсто од расположливите средства за прекугранична соработка, со минимум човечки ресурси во Министерството.

Евроамбасадорот Орав му го честитал изборот на министерот Шабани и изразил надеж дека досегашната соработка ќе продолжи и во иднина.

– ЕУ е тука да ги поддржи вашите напори за членство во Унијата, истакнал евроамбасадорот Орав.

Во однос на искористувањето на средствата од ИПА Програмата, Орав, како што се наведува, забележал дека системот на ЕУ е многу бирократски, но оти тоа е неопходно за да се минимизира ризикот од корупција.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски